Tuesday, July 3, 2012

Победа над Нов Зеланд

Во натпреварот кој се одржа портив Нов Зеланд докажавме дека и ние може да победиме!
Највеќе поени  постигна Бо вкупно 23 по него Антиќ 17 поени!



Натпреварот заврши со резултат 84-62 во корист на нашата репрезентација.

ЧЕСТИТО МОМЦИ!

Monday, July 2, 2012

Квалификации за ЛОИ

На Олимписките квалификации во Каракас ќе настапат 12 репрезентации: 4 (четири) од Европа –Русија, Македонија, Литванија и Грција , кои беа пласирани од 3 до 6.место на Еуробаскет 2011; 3 (три) од ФИБА Америка  Доминиканска република, Порторико и Венецуела, кои беа пласирани од 3 до 5.место на шампионатот на ФИБА Америка 2011; 2 (две) од Африка – Ангола и Нигерија, кои ги освоија 2 и 3.место на ФИБА Африка шампионатот 2011; 2 (две) од Азија – Јордан и Кореја, кои ги освоија 2 и 3.место на ФИБА Азија шампионатот 2011 и 1 (една) од Океанија – Нов Зеланд – финалист шампионатот на Океанија

Дванаесетте репрезентации се поделени во четири групи по три, а двете провопласирани од секоја група ќе продолжи во четвртфиналето. Победниците во четвртфиналето ги продолжуваат натпреварите во полуфиналето.
Репрезентациите кои ќе победат во полуфиналето ќе се пласираат на Олимписките игри, додека поразените од полуфиналето ќе имаат уште една шанса во натпреварот за 3.место (финале не се игра), а победникот од тој дуел ќе биде третата репрезентација, која од Каракас ќе патува на Олимписките игри.


РАСПОРЕД НА ГРУПИ:
А ГРУПА
Грција
Јордан
Порторико

Б ГРУПА
Литванија
Нигерија
Венецуела
Ц ГРУПА
Русија
Кореја
Доминиканска република

Д ГРУПА
МАКЕДОНИЈА
Ангола
Нов Зеланд


РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
2. јули (понеделник)
17:30                Русија – Кореја                                                   (пренос Сител 3)
20:00                Грција – Јордан
23:00                МАКЕДОНИЈА – АНГОЛА                                      (пренос Сител)
02:00                Нигерија - Венцула

3.јули (вторник)
17:30                Кореја       - Доминиканска република           (пренос Сител 3)
20:00                МАКЕДОНИЈА     - НОВ ЗЕЛАНД                          (пренос Сител)
23:30                Јордан       - Порторико
02:00                Венецуела - Литванија

4.јули (среда)
17:30                Нов Зеланд - Ангола                                            (пренос Сител 3)
20:00                Доминиканска република – Русија                  (пренос Сител 3)
23:30                Литванија  - Нигерија
02:00                Порторико – Грција

6.јули        (петок)
17:30                четвртфинале 1  (А1 – Б2)
20:00                четвртфинале 2  (Б1 – А2)
23:30                четвртфинале 3  (Ц1 – Д2)
02:00                четвртфинале 4 (Д1 – Ц2)

7.јули        (сабота)
23:30                победник ¼финале 1 – победник ¼финале 3
02:00                победник ¼финале 2 – победник ¼финале 4

8.јули        (недела)
23:30                поразените од полуфиналните натпревари

Sunday, July 1, 2012

Го добивме и Европскиот првак. Репрезентацијата на Шпанија ја совлада репрезентацијата на Италија со 4:0!

Стрелци:

*Силва
*Џорди Алба
*Торес
*Мата


ЧЕСТИТКИ ШПАНИЈА!